Шумските пожари и влијанието врз ловството

Ловџиите и ловечките друштва често се жалат за негативното влијание на шумските пожари врз бројноста на дивечот во деловите од ловиштата кои биле опожарени. Иако во научните кругови во светот постојат поделени мислења за тоа дали шумските пожари имаат негативно влијание или се од полза за дивите животни, во недосататок на соодветни научни истражувања за условите во нашата држава, како одреден показател може да се земе искуството на ловџиите кои се сведоци дека треба да помине подолг временски период за дивечот повторно да се врати во опожарените површини и да се нормализира неговата бројност.
За жал во нашата држава последните години појавата на шуските пожари зема се поголем замав, така што секоја година се поголеми површини се зафатени со шумските пожари и под нивното влијание се уништуваат природните биотопи на дивите животни. Оваа појава зема алармантни размери, затоа е неопходно надлежните органи во нашата држава да превземат одредени мерки за спречувањето на шумските пожари и намалувањето на нивните негативни последици.


No comments:

Powered by Blogger.